Клоп објасни што треба да се случи за да се пресели во Серија А


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тренерот Јирген Клоп го предводи одлично Ливерпул, со кој минатата сезона ја освои Лигата на шампиони, а сега е на чекор до освојување на Премиерлигата.

Германскиот стратег има договор со Ливерпул на уште четири години, но кажа дека би можел порано да го напушти „Енфилд“. Кога пристигна во клубот вети дека ќе ги освои сите трофеи, па потоа ќе се збогува од премиерлигашот.

Клоп е на чекор да го направи тоа и медиумите почнаа да шпекулираат за неговиот следен потег во кариерата, а многумина сметаат дека Германецот ќе се пресели во Италија, но тој не е подготвен за такво нешто и откри што е најголем проблем.

„Нема да се преселам во Италија засега. Ја сакам државата, времето, храната, но морам да го научам италијанскиот јазик. Ми треба околу една година да го совладам, а потоа ќе видиме што ќе се случи. Во моментов не размислувам за такво нешто“, вели Клоп.