Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул започна „да бере плодови“ од револуцијата која ја започнаа пред четири години кога Јирген Клоп го превзема лидерското место во тимот на Редсите.
Во изминатата сезона тој успеа да ја освои титулата во Лигата на Шампионите, додека на стартот на оваа сезона функционира одлично со оглед на тоа дека клубот од Енфилд има максимален удел во Премиер Лигата и веќе е со 5+ бодови во однос со тимот на Манчестер Сити.
Покрај играчите на теренот, најголема заслуга за одличните резултати и враќање на Редсите во европската елита има и Клоп.
Харизматичниот стручњак на многу срдечен и емотивен начин го води секој натпревар и е облечен во опремата која му следува од клубот. Оделото не го носи на натпреварите, а конечно објасни и зошто.
„Имам одела за свадби, погреби и ситуации кога некој ќе ми каже дека морам да облечам одело…“
„Не се чуствувам комфорно во тоа одело. Поради вратоврската не можам да дишам нормално и затоа не сакам многу да размислувам околу тоа што ќе носам на натпреварите“.
„Среќен сум што економот ми дава нешто во кое ќе можам да скокам. Створен сум за тоа. Носам одела од време на време, но фудбалски натпревар никогаш не бил дел од тоа“.
„Не сакам да изгледам добро покрај линијата, мојот тим треба да изгледа добро на теренот, тоа е главната цел“, препорача германскиот стручњак.