Клоп „онлајн“ си договори големо засилување за Ливерпул!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Странските медиуми пишуваат дека тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп договорил засилување за својата екипа, а станува збор за напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер, кој во последните неколку години игра одлично.

Новинарот Рафаел Хонигштајн тврди дека пред неколку недели Клоп имал „онлајн“ состанок со Вернер и договорил соработка.

„Коронавирусот прави големи проблеми во фудбалот, а тоа исто се случува и со трансферите на играчите. Сепак, состанокот меѓу Клоп и Вернер беше одржан и тие се договорија“, кажа новинарот.

Останува да видиме дали трансферот навистина ќе се оствари, а сигурно Вернер ќе биде одлично засилување за Ливерпул.