Клоп прави “чистка” заминуваат осум фудбалери за 100 милиони!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул ќе ги расчисти работите, а и покрај некои промашувања во летниот преоден рок, нивните фудбалери се на сцена. Овие играчи заминуваат!

Најмногу пари Ливерпул ќе добие Бентеке, понудата на Кристал Палас од околу 30 милиони евра е одбиена, “Црвените” бараат 35, па така нема да изгубат многу бидејќи минатото лето го доведоа за 37 милиои.

Ајб е блиску до Бурнемоут, а на излезни врати е и Џо Ален. Неговата цена после натпреварот за Велс порасна, тој сака да замине, а интерес за него покажаа Свонси и Севиља, трансферот би можел да изнесува околу 10 милиони евра.

Луис Алберто е на мета на неколку шпански клубови, исто така Севиља е сериозно заинтерсирана, ниту неговата цена не е помала од 10 милиони.

Лукаш Леива гледа кон Турција, го чека Бешикташ со кој преговараше, за него ова е шанса да направи одличен договор, но и да игра во Лигата на шампионите.

Не го заборавајте и Шкртел тој е пред трансфер во Фенербахче кој за него ќе плати седум милиони евра.

Кога се ќе се пресмета тоа се околу 100 милиони, Лазар Марковиќ како што сега стојат работите најверојатно ќе остане иако се шпекулираше и за негова продажба.