Клоп прави вистински „бункер“: Ливерпул води во трката за дефанзивец на Наполи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вирџил Ван Дајк пристигна во Ливерпул од Саутемптон и веднаш беа забележани подобри резултати, а премиерлигашот стигна и на праг до трофејот во Премиерлигата, но тоа не го спречи Јирген Клоп да бара идеален партнер за него во одбраната.

Ливерпул долго време е заинтересиран за Калиду Кулибали од Наполи, а „Газета дело Спорт“ објави дека стоперот е блиску до преселба на „Енфилд“, но италијанската екипа нема да прифати понуда под 100 милиони евра.

За Кулибали е заинтересиран и Реал Мадрид, но и Манчестер јунајтед, па поради тоа Наполи е решен да заработи многу пари на негов трансфер.

Ливерпул е подготвен да го купи, а планира во трансферот да го вклучи и Дејан Ловрен, а останува да видиме дали тоа ќе се случи следното лето.