Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Ливерпул во недела ќе се соочи со Лестер од 20.15 часот во деветтото коло од Премиерлигата. Актуелниот шампион е еден од главните кандидати за трофејот, но поради повреди сезонава нема да биде толку лесно за да стигнат до титулата.
Во претходните сезони Манчестер сити и Ливерпул доминираа, па освојуваа по 100, 98 и 99 бодови, иако се очекува сезонава тој просек да падне на 85 бодови.
„Ако ја освоиме титулата, тоа ќе биде поголем успех, отколку што ја освоивме минатата сезона. Тргнавме лошо, но ни требаше поразот од 2-7 за да научиме нешто. Во моментов осум тимови се борат за титулата“, вели Клоп.