Клоп со победата против Интер стигна до голем рекорд!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Премиерлигашот Ливерпул славеше во пресметката против Интер на „Џузепе Меаца“ со 2-0 во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампиони (ЛШ).

Избраниците на Јирген Клоп ги казнија промашувањата на „нераѕурите“ и обезбедија солидно водство пред реваншот на „Енфилд“, а тренерот на Ливерпул стигна до интересен рекорд.

Германецот ја запиша 50. победа во елитното натпреварување, а досега одигра и три финалиња во ЛШ, при што две загуби, едно со Борусија Дортмунд и едно со Ливерпул, по што со „црвените“ се закити со европската круна.

Ливерпул во моментов е еден од најголемите фаворити за освојување на нова европска титула, иако ќе имаат голема конкуренција, а треба да потсетиме дека трофејот го брани Челси.