Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ливерпул беше поразен со 0-1 на гостински терен кај Саутемптон во Премиерлигата, и тоа е веќе трети натпревар во кој „црвените“ немаат победа.
Тренерот Јирген Клоп смета дека неговиот тим требало да добие пенал, но главниот судија не досуди во негова корист.
„Го прашав четвртиот судија дали ќе ја проверуваат ситуацијата, а тој ми одговори дека провериле и дека нема никаков пенал. Јас не знам како може толку брзо да ја прегледаат ситуацијата. Требаше да добиеме пенал барем во две ситуации. Сега слушнав и дека Манчестер јунајтед има повеќе пенали во последните две години, отколку јас за пет ипол години“, објасни Клоп.