Клуб од Серија А веќе го поздрави доаѓањето на Ибрахимовиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ веќе донесе одлука за својата иднина, а тоа е враќањето во Серија А каде помина значаен дел од својата кариера.

Ибрахимовиќ по последниот ден од оваа година ќе стане слободен играч. Многу медиуми се убедени за тоа дека повторно ќе го носи дресот на Милан.

Во разговорот за GQ магазинот тој го најави своето враќање во редовите на Росонерите.

Се гледаме наскоро во Италија. Заминувам во тим кој што мора повторно да почне да победува, кој мора да се врати на старите стази на славата, кој има предизвик во натпреварите против секого. Само на тој начин ќе пронајдам дополнителна мотивација повторно да ве изненадам“, изјави Ибрахимовиќ.

Неколку часа подоцна прва реагираше Фиорентина која на официјалниот Твитер профил на англиски јазик му посака добредојде на искусниот напаѓач.

„Ибра, се радуваме што се враќаш во Италија“, напишаа Виолетовите.