Кога би морале да бирате помеѓу Салах или Мане?! – Карагер го даде одговорот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стручниот консултант на телевизија во Англија, Џејми Карагер зборуваше за Ливерпул и нивната фантастична сезона каде во четвртфиналето од Лигата на шампионите и на чело на табелата во Премиер лигата, иако има натпревар повеќе.

Една негова изјава беше поприлилно интересна.

„Ако треба да бирам би го загубил Мохамед Салах попрво, отколку Мане“, истакна тој во текот на програмата.

„Голем обожавател сум на Мане. Луѓето зборуваат за Клоп, за неговите засилувања, за Салах, Ван Дајк… За мене Мане е човекот кој го врати Ливерпул во игра. Ако мислите кое е најголемото засилување на Клоп тогаш тоа е Мане, го плати 30 милиони“, истакна тој.

„Тој го врати Ливерпул во Топ 4. Следната сезона беше финалето во ЛШ, потоа тимот се бори за титула во Премиер лигата“, вели тој.

„Погледнете и кога ги постигнува погодоците, не води тримот со 4:0, па тој постигнува неколку неважни погодоци. Постигнуваше важни погодоци, а тој е најдобар крилен играч кој Ливерпул го имал во последните 30 години“, заклучи Карагер.