„Кога дојдов во Ливерпул повеќе сакав да го импресионирам Џерард, отколку Бенитез“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Питер Крауч пред речиси две години ја заврши фудбалската кариера, а јасно е дека најдобрите денови ги мина во дресот на Ливерпул.

Крауч поради својата висина беше еден од најинтересните фудбалери во Премиерлигата, па едноставно не можеше да не го забележат на теренот.

Овој напаѓач во Ливерпул пристигна во 2005 година од Саутемптон за 11 милиони евра, а на „Енфилд“ остана три сезони и ги освои навивачите.

„Кога влегувате во соблекувалната на Ливерпул автоматски станувате подобар фудбалер, тоа на сите им се случува. Тоа беше страв од Џерард, зашто учевте по секоја грешка и едноставно станувавте подобри. За мене Џерард е најдобар фудбалер. Се сеќавам дека повеќе сакав него да го импресионирам, отколку Бенитез“, вели Крауч.