Кој би играл во ЛШ ако Милан, Наполи и Јуве имаат ист број бодови во Серија А?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Серија А остана уште едно коло да се доигра, а тоа ќе реши кои тимови ќе играат во Лигата на шампиони (ЛШ) следната сезона.

Интер одамна ја освои титулата и се пласираше во ЛШ, а своето место во елитното натпреварување го обезбеди и Аталанта, додека Милан пропушти шанса за такво нешто во дуелот против Каљари (0-0).

Во последното коло Милан мора да ја победи Аталанта во Бергамо ако сака во ЛШ. Во случај да освои само бод, тогаш неопходно му е Јувентус да не слави во Беегамо или Наполи да изгуби од Верона.

Постои и сценарио во кое сите три екипи би завршиле со ист број на бодови. Ако Јувентус одигра нерешено, Милан изгуби од Аталанта и Наполи изгуби од Верона, така сите би имале по 76 бодови.

Во тој случај ќе отпадне Јувентус затоа што има најлош меѓусебен скор во мини табелата пред Наполи и Јувентус. Милан во таква ситуација ќе биде и пред Наполи.

„Старата дама“ сепак верува дека ќе ја добие Болоња и се надева најмногу дека Аталанта ќе го запре Милан. Аталанта е фаворит против „росонерите, но нивниот пласман е обезбеден, но секако за Јувентус по реално е да ја бара шансата тука отколку во мечот на Наполи против Верона.