Кој е најдобриот играч во Премиер лигата? – Ван Дајк му даде глас на најголемиот проблем за одбраните во Англија, а е од редовите на најголемиот ривал…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Постојат неколку кандидати за најдобар играч во Премиер лигата, а еден од нив е и Рахим Стерлинг.

Игра фантастично оваа сезона, неговата брзина е голем проблем за повеќето фудбалери во одбраната, а тоа го забележа и Вирџил Ван Дајк, дефанзивецот на Ливерпул кој истакна дека токму Стерлинг е најдобар играч оваа сезона.

„Гласав за Рахим Стерлинг. Направив онака како што мислев, а мислам дека го заслужува тоа. Тој има фантастична сезона. Единствен за кого би гласал пред него е Бернардо Силва“, истакна Ван Дајк.

Играчот на годината во изборот на играчите е едно од признанијата кои се доделуваат на крајот од сезоната во Премиер лигата, а играчите не се во можност да гласаат за своите соиграчи. Сепак, многумина применуваат да не гласаат за најголемите ривали, што во овој случај дефинитивно не беше причина за Ван Дајк.

Секако, Ван Дајк е еден од играчите кои би можеле на крајот да се закитат со наградата, играч на сезоната во Премиер лигата.