Кој играч настапуваше за сите четири тимови кои вечерва ќе се сретнат во Лигата на Шампионите?!


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Никогаш не играше во финалето.

Првите средби на преостанатите два пара од четврт-финалето во Лигата на Шампионите ќе ги проследиме вечерва.

На Амстердам Арената силите ќе ги одмерат Ајакс и Јувентус, а на Олд Трафорд ќе се вкрстат „копјата“ на Манчестер Јунајтед и Барселона.

Еден фудбалер играше за сите четири тимови кој вечерва ќе се натпреваруваат. Се работи за Златан Ибрахимовиќ, Швеѓанецот со босански корени и еден од најдобрите напаѓачи на денешницата.

Ибрахимовиќ за Ајакс играше од 2001 до 2004 година, после тоа следуваше премин во Јувентус каде што се задржа до 2006 година. Летото во 2009тата година, учествуваше во спектакуларна замена во која беше вклучен и Самуел Ето и заедно преминаа во Барселона.

Редовите на Каталонскиот великан ги напушти само после една сезона поради лошите односи со Пеп Гвардиола. Стана член на Манчестер во јули во 2016 година каде што се задржа до март минатата година. Додека играше за Црвените Ѓаволи доживеа тешка повреда на коленото.

Сепак, Лигата на Шампиони не е натпреварување кое му одговара на Ибрахимовиќ. И покрај тоа што играше за јаки и конкурентни тимови, тој не успеа да дојде до финалето. Со Ајакс, Јувентус и Барселона освојуваше шампионски титули, додека со Манчестер Јунајтед ја „зема“ Европа лигата.