Кој ќе биде голман на Манчестер Јунајтед ако Давид Де Геа дефинитивно си замине од клубот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска во јавноста се појавија шпекулации кои говорат дека Давид Де Геа го одбил договорот понуден од Манчестер Јунајтед.

Тоа значи дека доколку ова лето не си замине од „Олд Трафорд“, шпанскиот голман следната сезона ќе си оди од клубот без никаква оштета.

Во јавноста веднаш почнаа да се лицитираат имиња како замена за голманот кој долги години го носи дресот на Манчестер Јунајтед.

Прва опција е актуелниот втор голман Серхио Ромеро кој има импресивна статистика во 44те натпревари кои ги има одиграно за „ѓаволите“. И второто име кое се споменува како замена за Де Геа е од таборот на Манчестер Јунајтед.

Се работи за Дин Хендерсон кој минатата сезона ја помина на позајмица во Шефилд Јунајтед, тим со кој стигна до пласман во Премиер лигата.

Се споменува и името на Јаспер Силесен од Барселона кој речиси сигурно ќе си замине од клубот во летниот преоден рок во потрага по првотимски статус.

Помалку веројатни засилувања се Андре Онана и Џордан Пикфорд кои исто така влегле во нотесот на Оле Гунар Солскјер.