Кој ќе биде првиот чекор на Челси по освоениот трофеј во ЛШ?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Челси синоќа го одигра третото финале во Лигата на шампиони (ЛШ), а го освои вториот трофеј во својата историја откако го совлада Манчестер сити со 1-0.

По 2021 година и финалето во Минхен, „сините“ триумфираа и во Порто против ривалот од Премиерлигата со голот на Каи Хаверц.

Додека се бараат јунаците за одличната сезона на Челси, пред сите би требало да биде тренерот Томас Тухел.

Германскиот тренер пристигна на половина сезона затоа што Франк Лампард имаше лоши резултати, па успеа да направи целосен пресврт.

Тухел успеа да го однесе тимот во Лига на шампиони преку Премиерлигата, а потоа да го освои и пехарот во елитното натпреварување.

Британските медиуми пишуваат дека поради тоа газдата на екипата, Роман Абрамович ќе му понуди нов финансиски договор на повеќе години затоа што овој му завршува следното лето.