Кој на кого повеќе му недостига: Лукаку на Интер или обратно?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Разделбата меѓу Интер и Ромелу Лукаку не му донесе на никого добро. Ниту на Челси, ниту на Белгиецот, ниту на Италијанците, а дополнително внимание привлече фудбалерот кој кажа дека би сакал да се врати во Серија А.

Белгиецот не игра добро за Челси и во моментов делува дека ќе биде продаден на лето. Во секој случај, сите се губитници од трансферот.

Интер загуби многу со заминувањето на Лукаку, иако заработи 115 милиони евра. „Нераѕурите“ стигнаа до дури 428 минути без постигнат гол, што е поразителна статистика.

Калчолигашот имаше четири меча без постигнат гол, а загуби од Ливерпул и Сасуоло, по што играше без голови со Џенова и Милан.