Кој вели дека ВАР гледа сè? Ситуација од мечот меѓу Реал и Кадиз сите ги остави без зборови (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со воведување на ВАР-технологијата требаше да се олесни работата на судиите и да се елиминираат грешките, кои се случуваат и понатаму без разлика на видео-системот.

ВАР-технологија понекогаш знае да го промени текот на натпреварот, а судијата на теренот не може да види сè и затоа треба да добива помош од ВАР-собата, но овој пат не реагираше за една ситуација на дуелот меѓу Реал Мадрид и Кадиз.

Дуелот меѓу Родриго и Фали беше ептен жесток, па на крајот фудбалерот на Реал Мадрид доби лакт во главата и вообичаено треба такви ситуации да се прегледуваат поради можен црвен картон.

Лактот заврши во главата на Родриго, кој падна на тревникот, но немаше никаква реакција од ВАР-собата.