Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Александар Коларов после шест сезони ќе го напушти Манчестер Сити.
Како што пренесуваат турските медиуми, Александар Коларов, веќе е нов член на Бешикташ.
Тој ќе потпише договор на три години со можност за продолжување на соработката на уште една, а годишно ќе заработува по 2.1 милиони евра, што двојно помалку од она што го заработуваше до сега на “Итихад”.
Интересно е што Коларов за место во тимот ќе се бори со сонародникот Душан Тадиќ кој од минатото лето ги брани боите на Бешикташ.
Бешикташ оваа сезона ја освои титулата во турското првенство и наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, поради тоа засилувања се неопходни.
Коларов во Сити пристигна во 2010 година од Лацио за сума од 16 милиони фунти. Во дресот на “Граѓаните” одигра 200 натпревари и постигна 20 погодоци.
Освои шест титули од кои две во Премиер лигата.
Пред Коларов од Сити си замина Демикелис, а се очекува и заминување на Јаја Туре, Самир Насри и Пабло Забалета.