Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После домаќинот САД, го добивме и вториот полуфиналист на Копа Америка. Тоа е репрезентацијата на
Колумбија која го елиминираше Перу после подоброто изведување на пенали.
Голманот кој во главно ја грееше клупата во Арсенал прерасна во херој на нацијата утрово во Њу Џерси во 1/4 финалниот натпревар против Перу.
Оспина во судиското продолжение при резултат 0:0, маестрално го одбрани обидот на дефанзивецот на Перо, Кристијан Рамос.
Бидејќи правилата на Копа Америка кажуваат дека доколку натпреварот во регуларните 90 минут заврши без победник веднаш да се пристапи кон изведувањето на пенали, освен во финалето, “лотаријата” го одлучи вториот полуфиналист.
Во пенал рулетот за Перу не реализираа Мигел Трауко и Куева, додека прецизни беа Рудиаз и Тапиа. На спротивната страна погодуваа Родригез, Куардадо Морено и Перез, што беше доволно за големо славје на Колумбијците.
Колумбија во полуфиналето ќе игра против подобриот од натпреварот помеѓу Мексико и Чиле.