Комити бараат прогласување на Вардар за шампион: Овие момци заслужија титула!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар не беше денеска прогласен за шампион на Македонија, откако ФФМ го прекина македонското првенство, а тоа ги налути и навивачите и фудбалерите на македонскиот тим.

Комити преку соопштение на Фејсбук објавија дека Вардар заслужил да биде шампион на Македонија.

„Вонредни вести !
Штотуку добивме информации дека Фудбалското првенство е прекинато поради вирусот Ковид19.
Се шпекулира дека иако Вардарци заслужено на терен создадоа недостижна предност од 10 поени, сепак првенството ќе било поништено. Веднаш контактирани се сите институции надлежни за ова прашање и кажано ни е дека сеуште нема одлука што понатаму и шпекулациите за сега се неточни.
Будно следиме што се случува и во зависност од одлуката ќе донесеме став дали од вонредна влегуваме во воена состојба !
Се надеваме на праведни одлуки кои ќе соодвестствуваат со ситуацијата на првенствената табела а тие се:
1) Продолжување на првенството откако ќе се смири ситуацијата со вирусот (асимтоматскиот) со којшто ќе треба да живееме во “новата нормалност”
2) Прекин на првенството и прогласување на Вардар за Шампион, и заверување на 11-та титула во Македонија и вкупно 12-та Шампионска титула вклучувајќи ја онаа во СФРЈ.
Секоја одлука која е спротивна на овие ќе значи девалвирање на трудот на младите момчиња кои на спортски, чесен и коректен начин ја стекнаа предноста на зелениот терен, но уште повеќе тенденциозност и директен напад на Вардар, Црвено Црната армија и навивачката група Комити Запад.
Овие момци заслужија титула !!!“, напишаа Комити.