„Комити“ покажаа плен од навивачите на Левски (Фото)

Левски славеше против Шкупи во Скопје, но дел од бугарските навивачи водеа војна низ улиците со фановите на скопскиот тим.

Во меѓувреме се активирале и навивачите на Вардар, „Комити“, кои покажаа каков плен заробиле од навивачката група на Левски.

„Скопската улица е слепа“, напишаа „Комити“.