Компани заплака од среќа, а потоа му пријде Серхио Агуеро и сето тоа го „расипа“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгијскиот дефанзивец Винсент Компани со спектакуларниот погодок синоќа им донесе победа на Манчестер Сити против Лестер.

Сити со доста мака успеа да запише три бода и да се врати на првото место пред последното коло на Премиер лигата кое ќе се игра овој викенд. Одлучувачкиот погодок го постигна Компани кој ја „искина“ мрежата на противничкиот гол и предизвика ерупција од воодушевувања на Етихад.

После натпреварот, Компани изјави дека го иритирало тоа што поединци од тимот му дофрлале да не ја шутира топката туку да ја подаде, и дека тој од инает одлучил да го зададе ударот со кој ја „скина“ противничката мрежа.

Колку тоа му значеше тој покажа после натпреварот бидејќи заплака од среќа, а потоа му пријде Агуеро и почна да му кажува дека тој бил оној кој викал „Немој Вини, не! Немој да шутираш!“.