Конкуренцијата е преголема: Неколку одлични фудбалери не беа повикани во репрезентацијата на Бразил

Селекторот на Бразил, Тите, вчера објави список со фудбалери за Копа Америка, кој предизвика многу реакции во јавноста.

Тите порача дека тоа е конечниот список и дека ќе има промени само во случај на повреда. Бразилската јавност е во голем шок поради тоа што некои фудбалери не добиле повици, иако играат одлично цела сезона.

Големо изненадување е тоа што го нема Марсело, кој со години е стандарден, но и Лукас Мура, кој со настапите во дресот на Тотенхем го воодушеви светот.

На списокот ги нема уште и Малком, Алекс Телес, Даглас Коста, Нето, Фелипе Андерсон, Фабињо, Вилијан и Винисиус Жуниор.

Список со фудбалери:

Голмани: Алисон, Едерсон, Касио

Дефанзивци: Даниел Алвеш, Фагнер, Филипе Луис, Алекс Сандро, Миранда, Тиаго Силва, Маркињос, Едер Милитао

Среден ред: Касемиро, Фернандињо, Артур, Алан, Лукас Пакета, Кутињо

Напаѓачи: Нејмар, Ричарлисон, Давид Нерес, Евертон Соарес, Роберто Фирмино и Жесус.

Копа Америка ќе се одржи од 14 јуни до седми јули.