Конор доби понуда: Прво борба по ММА правила, а потоа бокс меч


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Конор доби понуда: Прво борба по ММА правила, а потоа бокс меч

Шампионот во ВБО велтер категорија, Теренс Крафорд, преку неговиот промотор Боб Арум испрати понуда до Конор МекГрегор за двомеч, прво според ММА правилата, а потоа и бокс меч.

Арум призна дека понудата е на масата на ирската ММА ѕвезда.

“Крафорд е подготвен да се бори против Конор во октагонот. Јас сум подготвен да му понудам борба во октагон прво, според правилата на ММА, а потоа да имаме бокс меч”, рече Арум, фалејќи го Крафорд:

„Тој е жесток борец со искуство во борби. Не е како Флојд да биде само одличен боксер. Ние го предизвикавме, а Конор треба да го прифати предизвикот”, рекол Арум.

Крафорд е непоразен во кариерата и има резултат 36-0.