Конте: Дали тие во ВАР-собата се храбри да донесат одлука против некој од големите тимови?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тотенхем одигра 1-1 против Спортинг Лисабон на домашен терен и во последното коло од групната фаза ќе се решава кој ќе оди понатаму.

Во завршницата од дуелот Тотенхем постигна гол за 2-1, но следеше реакција од ВАР-собата, која му го поништи голот на Хари Кејн, а тоа го налути тренерот Антонио Конте.

„Ме интересира дали ВАР-собата е храбра да донесе одлука против некој од големите тимови. Ова не беше добра одлука. Извинете, но лут сум затоа што не можам да прифатам таква одлука“, кажа Конте.

Лондонскиот тим во последното коло гостува кај Олимпик Марсеј, додека Спортинг игра против Ајнтрахт Франкфурт и сите тимови се во игра за нокаут-фаза.