Конте го демантираше Атлетико: Диего останува


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тренерот на Челси Антонио Конте го демантираше Алетико Мадрид чии челници најавија враќање на Диего Коста.

Шпанскиот напаѓач во Челси стигна баш од Атлетико Мадрид, меѓутоа за времето поминато во клубот не успеа да ги оправда очекувањата и во странските медиуми се повеќе се шпекулираше дека ќе ја промени средината.

Шпекулациите околу враќањето враќањето во Атлетико Мадрид дополнително ги подгреаа челниците на овој клуб со изјава дека постојат преговори, меѓутоа ден подоцна Антонио Конте ја спушти рампата и потврди дека Диего Кога всушност останува во Лондон.

„Диего останува со нас. Работеше напорно, среќен е овде и ужива во работата  со мене и играчите. Фантастичен играч е, еден од најдобрите и многу е важен за нас. Ќе постигнува многу голови кога ќе се вклопи во нашите идеи“, изјави Конте.

Инаку, Коста во 77 натпревари за Челси постигна 36 голови.