Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Интер синоќа ремизираше со Фиорентина во 35-то коло од Серија А на Џузепе Меаци.
Во текот на целиот меч „нероаѕурите“ доминираа, но не успеаја да ја пробијат одбраната на Фиорентина и со тоа пропуштија одлична можност да се вратат на второто место.
Изненадувачки резултат, особено ако се земе предвид дека Интер играше со клуб од долниот дел на табелата, но тренерот Антонио Конте не се потресува поради тоа.
„Второто место е незначително за мене, тоа е за губитниците. Некои ќе бидат задоволни од тоа, но јас не, ниту сакам моите играчи да имаат за цел да бидат на второ место“, рече Конте по натпреварот.
На врвот на Серија А е Јувентус со 80 поени и натпревар помалку. Аталанта е втора со 74, додека третопласираниот Интер има еден бод помалку.