Конте избегал од Лондон: Дали ова е неговиот крај во Тотенхем?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Антонио Конте си заминал од Лондон и најверојатно тоа значи дека Тотенхем ќе ја заврши сезоната со друг тренер, откако Италијанецот „распука“ на прес-конференцијата по мечот со Саутемптон (3-3).

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви повика итен состанок во Лондон по повод коментарите на Конте, а раководството наводно сака да ја врати добрата атмосфера во тимот, иако такво нешто е невозможно додека Италијанецот е тренер на екипата.

Англиските медиуми пишуваат дека Тотенхем денеска ќе почне преговори со Конте за висината на отштетата за разделба со Италијанецот, кој има договор до јуни оваа година.

Засега не е познато каде планира Конте да ја продолжи иднината, но наскоро се очекуваат повеќе детали.