Конте избрал лидер на екипата, но има и листа со отпишани фудбалери на „ѓаволите“?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми веќе неколку денови шпекулираат дека Оле Гунар Солскјер ќе добие отказ од клупата на Манчестер јунајтед, кој во неделата доживеа дебакл против Ливерпул (0-5).

По големиот удар најмногу критики добива тренерот Солскјер за кој навивачите веруваат дека би можел да добие отказ наскоро, а како главна замена за него се споменува Антонио Конте, кој во моментов е без работа.

Конте со Интер го освои Скудетото минатата сезона и ја прекина доминацијата на Јувентус, но поради лошите односи со раководстовот на клубот реши да си замине.

Доколку Конте стигне во Манчестер, тој веќе знае кој ќе му биде лидер на екипата, а тоа е Кристијано Роналдо и покрај него се Алекс Телеш, Бруно Фернандез, Пол Погба, Рафаел Варан, Ентони Марсијал, Џејдон Санчо, Маркус Рашфорд и Мејсон Гринвуд.

На листата со отпишани фудбалери се Хари Мегваер, Лук Шо, Арон Ван-Бисака, Фред и Скот Мектоминеј.