Конте не очекувал осмина финале после две кола на ЕП


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Селекторот на Италија Антонио Конте рече денеска дека не очекувал дека неговите фудбалери после само два натпревари ќе се пласира во втората рунда на ЕП во Франција.

„Кој ги рекол дека Италија после само два натпревари ќе помине во осмина финалето? Натпреварот беше тежок, тврд. Се мачевме во првото полувреме, а Шведска добро го контролираше просторот и брзо стигнуваа до топката.  И покрај тоа, не им дозволувавме ништо. Создававме шанси, погодивме пречка и дадовме гол“, рече Конте за Раи Спорт после мечот.

Италија денеска ја победи Шведска со 1:0 со гол во самиот финиш на мечот и така го остварија вториот триумф на шампионатот и се пласираа во втората рунда. Единствениот погодок го постигна Едер во самата завршница на мечот.

„Видовме дека момците беа малку нервозни, поготово во првото полувреме, а тоа доведе до многу грешки. Тешко е да се заборави минатото, поготово од пред две години (кога Италија е елиминирана после првата фаза на СП). Момците денеска добро ја запреа Шведска и удрија кога требаше“, рече Конте.

Стрелецот Едер оцени дека тимот добро играше против Шведска и дека беше добро подготвен.

„Многу сме радосни. Натпреварот беше многу тежок. Се подготвувавме за Шведска, знаевме дека се тежок противник. На крајот постигнавме гол. Се радувам поради себе и поради тимот. Мислам дека денеска подобро игравме отколку протрив Белгија. Силата на нашиот тим е што имаме 23 играчи, тоа е работна сила која може да направи разлика“, ги пренес еАФП зборовите на Едер.