Конте не знае да поднесе пораз: Направи потег кој нема да му го простат во Јувентус! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Антонио Конте не успеа со Интер да направи пресврт во Торино против Јувентус и да избори финале во Купот на Италија.

„Бјанконерите“ во првиот меч славеа со 2-1 на „Џузепе Меаца“, а синоќа без многу проблеми одиграа 0-0 и така се пласираа понатаму.

Тренерот на Интер беше лут по натпреварот, а тоа го покажа со потегот кој го направи и со тоа си ја затвори вратата во неговиот поранешен клуб.

При заминувањето во соблекувалната Конте на раководството на „Старата дама“ му покажа среден прст, а камерата успеа да го сними. Се претпоставува дека овој потег беше наменет за првиот човек на тимот Андреа Ањели.