Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Добро е познато дека Интер бара напаѓач и дека голема желба е Расмус Хојлунд, фудбалерот на Манчестер јунајтед кој не се покажа најдобро на “Олд Трафорд”.
Не само што не се снајде, туку и самиот посакува да се врати на „чизмата” каде што ја докажа својата вредност.
Интер е првата опција, но сега се отвори уште една.
Според “Газета”, Наполи е решен да го доведе Хојлунд во своите редови. Актуелниот шампион на Италија има подобра понуда од Интер.
Се работи за тоа дека Интер нуди 45 милиони евра, но по завршување на позајмицата, не сакаат да ризикуваат премногу, додека Наполи може веднаш да ја понуди споменатата сума, што би му одговарало повеќе на Манчестер јунајтед.
Бони од Парма веќе стигна во Интер, а во тој клуб мораат да ја решат и судбината на Тареми.
Конте исклучително го цени Хојлунд и се чини дека Наполи би можел да му ја украде работата на Интер ова лето…
Фото: Принтскрин