Конте: Ние имаме неуспешна сезона? Па, Јунајтед со Роналдо е седми!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Тотенхем вечерва од 20.45 часот го пречекуваат Арсенал и тоа ќе биде еден од најважните натпревари во битката за пласман во Лигата на шампиони (ЛШ).

Тренерот на лондонскиот тим, Антонио Конте кажа дека дуелот против Арсенал е важен во борбата за пласман во елитното натпреварување, но и за големото ривалство на двата тима кои доаѓаат од Лондон.

„Ние имаме неуспешна сезона? Па, Манчестер јунајтед со фудбалери како Џејдон Санчо, Кристијано Роналдо и Рафаел Варан се на седмата позиција. И вие ми зборувате за наш неуспех? Мислам дека ова е успешна сезона, посебно поради односот кој го создадов со фудбалерите и резултатите кои ги остваривме откако пристигнав во клубот“, кажа Конте.