Конте откри зошто пред четири месеци го одби Тотенхем


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Антонио Конте се врати во Лондон, откако денеска потпиша договор со Тотенхем и го наследи Нуно Еспирито Санто на чело на премиерлигашот.

Конте потпиша договор до 2023 година, а италијанскиот стратег кажа дека е среќен што се вратил на тренерската работа.

„Тотенхем има одлични услови за работа и тоа е еден од најдобрите стадиони во светот. Не можам да дочекам почеток на работата и да им покажам на навивачите дека ќе бидеме успешни. Минатото лето не успеавме да се договориме затоа што бев емотивно испразнет по заминувањето од Интер, но сега ми се појави шанса и еве сум во акција“, вели Конте.

Конте претходно работеше во Премиерлигата, односно го тренираше Челси.