Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер синоќа го совлада Лудогорец со 2:1 и напредуваше до осминафиналето во Лигата на Европа.
Италијанскиот тим ја оправда улогата на фаворит, а сега го очекува дербито со Јувентус.
Натпреварот ќе се одигра без публика поради коронавирусот, како што беше синоќа.
Интер моментно е со шест бода зад Јувентус со меч помалку и се свесни за важноста мечот посебно тренерот на овој клуб Антонио Конте за дуелот против Старата дама.
“Во недела не очекува важен натпревар која ќе ни каже колку сме блиску до титулата. Интер во секое натпреварување има за цел да го освои трофејот. Победата не е лесна, тоа е посебен меч”, рече Конте.
Јувентус против Интер се игра во недела со почеток во 20:45 часот.