Конте сака да се пресели во Интер, но има голем услов до управата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Антонио Конте потврди неодамна дека идната сезона ќе се врати на тренерската работа.

Конте веќе една година одмора, откако доби отказ од Челси. Сепак, остана на платениот список на „сините“, зашто не можеа да се договорат околу висината на отштетата поради отказот.

Меѓутоа, јасно е дека сака да се врати на тренерските предизвици и порача дека летово сигурно ќе преземе некоја екипа, а веќе има и неколку интересни понуди.

Конте сака да седне на тренерското столче во Интер, но бара од клубот повеќе стредства за летниот преоден рок. Наводно, посебно дал услов за ангажирање напаѓач, зашто Мауро Икарди најверојатно ќе го напушти клубот.

Поранешниот тренер на Челси сака да го донесе Ромелу Лукаку, зашто верува дека тој фантастично ќе се вклопи во италијанскиот стил на игра.

Да потсетиме, Лукаку сезонава одигра 45 натпревари за Манчестер јунајтед, па постигна 15 голови и четири асистенции.