Конте се закани дека ќе замине поради навивачите на Тотенхем


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тотенхем загуби од Ливерпул со 1-2 во 14. коло од англиската Премиерлига, а тоа ги налути навивачите кои го исвиркуваа тренерот Антонио Конте, кој не им остана должен.

Два гола за победа на Ливерпул постигна Мохамед Салах, додека за Тотенхем погоди Хари Кејн, по што Конте им се закани на навивачите дека ќе замине од клубот на крајот на сезоната.

„Секако дека сме должни да покажеме почит кон навивачите. Тие навиваат за нас и плаќаат влезници. Но, ако мене ме прашате дали сум разочаран, дефинитивно не сум среќен. Постојано зборувам иста работа. Ова е долг процес, по една година направивме многу чекори напред. Не можам ништо да ветам во моментов, но мора да имаме трпение, а ако нема, тогаш ќе видиме што ќе се случи на крајот на сезоната“, вели Конте.