Конте: Сонот на Хакими е да се врати во Реал Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот тренер на Интер, Антонио Конте откри дека дефанзивецот Ашраф Хакими се надева дека еден ден ќе се врати во Реал Мадрид.

Десниот бек беше одличен во екипата на Интер, која го освои Скудетото, по што за 60 милиони евра се пресели во ПСЖ.

Интер загуби со 0-1 од Реал Мадрид во средата, а тоа е реприза на ланскиот натпревар меѓу овие тимови, по што Конте зборуваше за Хакими.

„Хакими страдаше минатата година во натпреварите против Реал Мадрид, затоа што неговиот сон е да се врати во тимот и да биде еден од најважните играчи“, вели Конте.