Конте тргна со триумф, но загрижен е: Имаме проблем во Тотенхем!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Антонио Конте дебитираше на кормилото ан Тотенхем со триумф во Конференциската лига од 3-2 против Витесе.

Тотенхем водеше со убедливи 3-0 по 28 минути игра, но потоа Витесе полека почна да се враќа во игра и постигна два погодоци за да го остави дуелот во неизвесност.

Конте по натпреварот во Лондон кажа дека е загрижен пред враќањето во Премиерлигата, каде што ќе игра овој викенд.

„Ова беше луд меч и јас не сакам такви сценарија. Добро е тоа што моравме да победиме. Постигнавме три гола, но примивме и два погодоци. Победата е добра за самодовербата на екипата, но мора да работиме многу. Сепак, немаме време за работа и тоа е проблем. Имаме само два дена пред следниот предизвик против Евертон“, вели Конте.