Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Италија обезбеди осмина финале на ЕП со победата над Шведска, додека со Ирска победата е неминовна.
Република Ирска е пред елиминација, и нивниот тренер изјави дека тие “ќе дадат се од себе“ во обид да ги совладаат Аѕурите.
Задачата најверојатно колку толку ќе им биде олеснета, како што Антонио Конте е спремен минимум пет играчи да измени пред нивниот дуел на 22 јули во Лил, кој е на програмата од 18 часот.
Од суспензија од еден жолт картон оддалечени се Џиџи Буфон, Џорџо Киелини, Едер, Даниеле Де Роси, како и Леонардо Бонучи, и тие најверојатно нема да се најдат во стартните 11 во среда.
Треба да се очекува шанса наместо нив да добијат Салваторе Сиригу, Анџело Огбона, Чиро Имобиле и Тиаго Мота, а најверојатно наместо Бонучи во позадина ќе се најде Матео Дармијан.
Најверојатно и Кандрева ќе одмора, и наместо него треба да се очекува Флоренци, кој и стартуваше против Шведска додека по страните во стартните 11 ќе биде Матија Де Шиљо.
Можеби шанса да добие и Заза кој добро се покажа во завршницата на мечот против Шведска.