Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот тренер е нервозен што не ги доведе бараните засилувања во одбраната.
Преодниот рок завршува во среда, а Челси не направи ни половина работа која ја планираше. Новиот тренер Антонио Конте доби само две засилувања од неколку кои ги сакаше. Сините ги доведоа Митшу Батшуаји и Нголо Канте, но треба да се истакне дека тие не беа главни желби на Италијанците, бидејќи тој ги сакаше Мората и Наинголан.
Конте посебно се загрижува на чии засилувања инсистираше од доаѓањето на Стенфорд Бриџ.
Поготово на стоперските позиции. Ги сакаше Бонучи, Стонс. Манолас, Кулибали…Не дојде никој од нив. Потоа го бараше Алесио Ромањоли од Милан, но Росонерите одбија понуда од Сините од 35 милиони евра, потоа и од 40 милиони.
„Искрен да бидам, мислам дека имаме големи проблеми со цел да ги доведеме посакуваните играчи. Се надеваме дека ќе доведеме некои играчи, но тие се покажаа како неостварливи желби.
Важно е дека имаме широк играчки кадар, но овој преоден рок е толку луд да не можеме да ги оствариме плановите кои ги зацртавме. Знам дека имаме добри играчи и дека можеме да ги подобриме, но на нас некои засилувања ни се неопходни со цел да имаме повеќе избор на располагање“, рече Конте и на тој начин апелираше на управата на клубот да вложи максимални напори до крајот на преодниот рок.
Медиумите на Островот и Апенините сега шпекулираат дека Сините спремија и понуда од 50 милиони евра за италијанскиот стопер со што Росонерите ги стави на големо искушение.
Едноставно, времето чури, а Челси не може да си дозволи уште една “корпа“. Решенија на стоперските позиии се малку и затоа Сините се фокусираа на Ромањоли во последните седум дена од фудбалскиот пазар.
Истовремено, пробуваат да доведат и левиот бек Маркос Алонсо. Конте сака засилување на таа позиција бидејќи има намера да Сезар Аспиликуета да го префрли на природна позиција десен бек, додека Бане Ивановиќ во тој случај ќе го префрли на местото стопер.
Челси испрати понуда до Фиорентина вредна 25 милиони евра за Шпанецот кој има договор до 2021 година. Но Виолетовите бараат пет милиони повеќе свесни се дека англискиот клуб е во паника поради недостаток на време и пробуваат да извлечат максимален профит од продажбата на Шпанецот.
Трето засилување кое Челси го брка истотака игра во Италија. Во прашање е хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ. Челси денеска одржа состанок со агентот на Брозовиќ со цел да ја започнат приказната околу трансфер. Интер е расположен за трговија.
Не затоа што името на Брозовиќ е вишок, веќе затоа што им е потребна и една голема продажба со цел да ги испеглаат финансиските извештаи со оглед дека “влегоа во црвено“ и дека поради кршење на финансискиот фер-плеј нема да можат да регистрираат засилувања.
Затоа мораат да продадат некои и се одлучија за Брозовиќ. Истакнаа дека цената е 30 милиони евра и ќе видиме дали Челси ќе прифати на тие услови. Хрватот е расположен за преселба што тоа вчера го рекоа и неговиот менаџери.