Конте во слатка дилема: Дома или во нова средина…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претстојната недела барем по прашање на трансферот на тренери, ќе ја одбележи некогашниот тренер на Челси и Јувентус.

Антонио Конте се враќа на дневно тренирање, низа клубови покажаа интерес за харизматичниот Италијанец.

Некако „Римската волчица“ се издвојува како прва меѓу еднаквите, италијанските медиуми пишуваа дека понудата е веќе на маса, бившиот играч и тренер на „Старата дама“ би заработувал 9.5 милиони евра годишно ако се одлучи за „Олимпико“.

Меѓутоа, Италијанецот има за чекање, причината е интересот од Париз и Минхен, ПСЖ и Баерн се заинтересирани за промена на своите стратези.

Конте со заминување во еден од двата споменати клуба имаше средства да го исполни својот сон, а тоа е освојување на Лигата на шампионите.