Коронавирусот не попушта: УЕФА ќе ги прекине натпреварувањата во ЛШ и ЛЕ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Епидемијата на коронавирусот, која се појави ширум светот создаде големи проблеми, па затоа и раководството на Серија А реши да го прекине натпреварувањето до трети април во надеж дека ќе се намали ширењето на опасниот вирус на Апенините.

Најпрво натпреварите требаше да се играат без публика, но на крајот беше донесена поинаква одлука, а сега и УЕФА се размислува на сличен чекор.

Каталонското радио објави дека УЕФА размислува да го прекине натпреварувањето во Лигата на шампиони (ЛШ) и Лига Европа (ЛЕ) додека не се смири ситуацијата со коронавирусот.

Веќе неколку меча од осминафиналето се играат пред празни трибини, а ако продолжи да се шири вака вирусот, тогаш УЕФА сигурно ќе го прекине натпреварувањето.