Кошмар за навивачите на Ливерпул: Капитенот си заминува од „Енфилд“?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми најавија дека капитенот Џордан Хендерсон би можел да си замине од Ливерпул, а тоа сигурно ќе биде голем удар за премиерлигашот.

Атлетико Мадрид е заинтересиран за Хендерсон, па тимот од Шпанија веќе има искуство со англиски фудбалери бидејќи во екипата го има Киеран Трипие.

Хендерсон како капитен на Ливерпул ги освои Лигата на шампиони и Премиерлигата на која навивачите претходно чекаа 30 години.

Фудбалерот во моментов е на одмор по Европското првенство, а нема сомнеж дека наскоро и сам ќе реагира поради ваквите шпекулации, но се очекува реакција и од тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.