Коста ги разочара челниците на Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилецот со шпански пасош Диего Коста ги разочара челниците на Челси.

Како што денеска пренесува шпански АС, Диего Коста соопшти на Роман Абрамович дека во ова лето сака да го напушти клубот и дека не се гледа во наредната сезона на Стенфорд Бриџ.

Тоа наводно од негова уста го слушна и новиот тренер на овој тим од Лондон Антонио Конте кој во наредниот период ќе проба да најде замена за него.

Челси нема да го пушти Коста додека не доведе уште еден напаѓач кој може да биде замена за Мичу Матшуаји кој неодамна стигна од Марсеј.

АС пренесува дека следна дестинација на овој одличен напаѓач ќе биде екипата на Атлетико Мадрид за која екипа Коста веќе играше пред да стигне во Челси во летото 2014 година .