Костакурта: Модриќ повеќе нема моќ толку да влијае на натпреварот

Алесандро Костакурта, легендарен дефанзивец на Милан, ја критикуваше играта на тимот по поразот од Бенфика 0:2 во првото коло од Лига Европа. Во анализата на натпреварот изјави дека очекувал повеќе од одредени играчи, пренесува Тутомеркато.

“Разочарувачки. Имавме различни очекувања од некои играчи. Вистина е дека тренерот изненади со одлуките, но се надевав дека тие на теренот ќе покажат повеќе. Не се сеќавам кога последен пат видов тим што толку ретко бараше топка во длабочина”, рече Костакурта.

Поранешниот дефанзивец го коментираше и одлуката на тренерот Рубен Аморим да не го воведе Лука Модриќ во игра. “Измените што ги направи во тој момент беа логични. Не мислам дека Модриќ ќе променеше нешто. Сметам дека тој во моментов нема моќ да влијае толку на натпреварот”, оцени тој.