Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Билд“ објави пред неколку дека дека Жозе Мурињо е сериозен кандидат да ја преземе Борусија Дортмунд. Германскиот клуб не игра најдобро во Бундеслигата сезонава, па наводно управата размислува да му даде отказ на Лусијан Фавр.
На прес-конференцијата на Баерн Минхен, Нико Ковач доби прашање дали Мурињо е вистинско решение за Дортмунд, а тој брутално им одговори дека не сака да го критикуваат неговиот колега Фавр.
„Нема да го критикувам колегата, туку ќе му дадам поддршка, зашто станува збор за почит. Сите сакаат почит, но мора да ја има од двете страни. Фавр е како и ние. Тие се четврти, а ние сме трети. Тие загубија еден меч, но играат добро во Лигата на шампиони. Како може тоа да биде лошо?“, вели Ковач.
Would Jose Mourinho be the right fit at Borussia Dortmund? ? pic.twitter.com/JZG8gQeL5R
— Goal (@goal) October 26, 2019