Ковач во Монако – прва цел херојот на Германија?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Милионерот“ не помина добро во неговиот втор мандат.

Хрватскиот стручњак доби тригодишен договор со можност за продолжување. Тој треба да ја одржи првата тренинг сесија денес, но француските медиуми претпоставуваат кого би сакал да доведе во Монако.

Пол Мичел, спортскиот директор на Монако, доби задача да го убеди Марио Геце да се проба во Лига 1. Нико Ковач во неколку наврати изјави дека ги цени квалитетите на поранешниот играч на германската репрезентација и херој на големото финале на Светскиот куп со Аргентина.

Геце ја заврши сезоната со Борусија, тој играше на само 15 натпревари во Бундес лига и не е во првиот избор на Фавре. На крајот на сезоната истекува неговиот договор, тој има 28 години, а Монако може да биде вистинска можност да ја врати кариерата на вистинскиот пат.

Петкратниот шампион го посакуваат Севиља, Милан, Фиорентина и Ница. Силна конкуренција, ќе видиме каква понуда ќе подготви Монако.