Ковачиќ нема да му помогне на Челси во мечот против Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Матео Ковачиќ ќе го пропушти првиот полуфинален меч од Лигата на шампиони (ЛШ) меѓу Челси и Реал Мадрид, кој се игра во вторник.

Одличниот фудбалер има проблеми со повреда и тој е единствен играч на кој тренерот Томас Тухел нема да може да смета во големото дерби.

Не е познато кога Ковачиќ би можел да се врати на теренот, па најверојатно ќе го пропушти и дуелот против Фулам на 1 мај, додека се очекува да биде подготвен за реваншот против „кралевите“ на 5 мај.

Ковачиќ нема да игра ниту утре на натпреварот против Вест хем, па ќе мора да работи под посебна програма во следниот период додека не ја надмине повредата.